Skip to main content

Обвинувањата за јавниот долг се неосновани и обид за манипулација со јавноста, тврди министерката за финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги демантира денешните обвинувања од СДСМ за јавниот долг.

Најодговорно тврдам дека никогаш не сум била дел од какви било незаконски или противправни постапки. Обвинувањата поврзани со јавниот долг се целосно неосновани и претставуваат обид за манипулација со јавноста – вели министерката за финансии во објава на „Фејсбук“.

Димитриеска-Кочоска вели дека податоците за јавниот долг на Министерството за финансии се официјални и се засноваат на релевантни информации и податоци кои се црпат од сите надлежни институции, согласно нивните законски надлежности и обврски.

Поврзани вести