Skip to main content

Tренерот на АЕК: Ќе дадеме се од себе во Скопје

Не одигравме добар натпревар и ова е цената што се плаќа за да научиме, истакна тренерот на АЕК Фредерик Бужан во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ веднаш по завршувањето на натпреварот со Алкалоид и поразот од 25-29 за домашниот тим, јави дописничката на МИА од Атина.

Бужан објасни дека оваа сезона имаат многу нови играчи, а нагласи дека сега вниманието е насочено кон реваншот во Скопје, бидејќи како што истакна „во ракометот сè е можно“.

– Не игравме добро. Промашивме пет пенали, во првото полувреме пропуштивме многу можности кога водевме со 14-12. Направивме многу грешки. Сега треба да работиме за мечот следната недела, истакна тренерот на АЕК.

Домаќините преку нивниот официјален сајт се осврнаа на исполнетата олимписка сала на синоќешниот натпревар со 7.800 навивачи на тимот, според официјалните податоци и од набљудувачот и од Европската федерација.

-Во историскиот натпревар, не само за АЕК, туку и за грчкиот ракомет, цела Европа виде преполн стадион (рекордна посетеност за ракометен натпревар во Грција) и одлична атмосфера, во која уживаа сите навивачи. Победниците на грчкиот куп „платија“ за својот неуспех во изведувањето на пенали, бидејќи имаа само 1/6 успешни обиди, додека Фредерик Бужан не можеше да ги користи Арабаѕис и Дуарте, кои се повредени. Секако, „жолто-црните“ не се откажуваат, ќе се реорганизираат и следната недела ќе се борат за пресврт во Скопје за да ја кренат втората европска титула во историја, пишува во текстот за натпреварот со Алкалоид на официјалниот сајт на АЕК.

Со сличен коментар се и спортските медиуми во Грција, кои се осврнуваат на загубените пенали, посочуваат дека АЕК ги плати грешките, но и дека имаше рекордна посетеност на натпреварот.

Дополнително, коментираат дека ракометарите на атинскиот тим на реваншот во Скопје ќе дадат се од себе за пресврт.

Високото ниво на психичката, но и физичката и тактичката подготвеност на РК Алкалоид во синоќешниот прв натпревар од Европскиот куп против АЕК во Атина, го истакнаа крилото Александар Петковс

Паралелно, одличната одбрана на Галевски не остана незабележана од грчките спортски новинари, порталот „Спорт 24“ во текстот со наслов „Неверојатно: Голманот на Алкалоид фати пет пенали во второто полувреме од финалето против АЕК“ коментира дека „на…ѕид наидоа офанзивните напори на АЕК во првото финале на ЕХФ Европскиот куп против Алкалоид со голманот на гостите, Галевски кој одбрани пет удари во второто полувреме.“

Алкалоид вчера со 25-29 славеше во првиот натпревар од финалето на Европскиот куп, а в недела на 25 мај во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одигра реваншот со атински АЕК.