Skip to main content

Самостојна изложба „Затаени мигови“ на студенти на ФЛУ

ФЛУ

Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, информира дека студентите Дефне Еминовска, Јоана Арсовска и Бојан Вртев, под менторство на професорот Антони Мазневски, ќе се претстават со самостојна изложба „Затаени мигови“, во Галеријата ФЛУ.

Како што информираат од ФЛУ, тие се добитници на наградата „Четири мајстори на модернизмот“ во чест на основачкиот кадар на ФЛУ и професорите Петар Мазев, Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков.

Поврзани вести