Skip to main content

Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата

Фото: Принтскрин/The Telegraph

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на церемонијата за погребот на папата утрево Италија.

На новинарско прашање пред да се качи во хеликоптер, Трамп рече: „Можно е“. Додаде дека планира да се сретне со неколку странски лидери.

Односите меѓу двајцата лидери се затегнати, особено по предлогот на Трамп за запирање на војната со Русија, кој вклучува дозвола Москва да го задржи Крим, кој нелегално го анектираше пред 11 години.

Поврзани вести