
Вчера во СВР Тетово, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Г.М.(58) од с.Долна Бањица, тетовско.
Според пријавеното, тој се здобил со поврeдите при пад во канал во механичарска работилница во Гостивар, каде што го однел своето возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски таблички за сервисирање.
Увид изврши екипа од ОВР Гостивар и се работи на расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.