Skip to main content

Дарија Ристеска освои златен медал на Балканијадата во спортско качување

Македонката Дарија Ристеска освои златен медал на Балканскиот шампионат во дисциплина болдер, кој се одржа изминатиот викенд во Темишвар, Романија.

Ристеска која е стипендистка на Министерството за спорт и претставничка на Спортско Качувачка репрезентација на Македонија, оствари извонреден спортски успех освојувајќи го првото место и златниот медал во категоријата девојчиња до 11 години.

На Балканијадата учествуваа 136 натпреварувачи од седум балкански земји: Романија, Србија, Бугарија, Македонија, Босна и Херцеговина, Грција и Турција. 

Покрај златниот медал на Ристеска, медали освоија уште двајца македонски репрезентативци:
Килијан Рајчановски – бронзен медал во категоријата момчиња до 9 години (U9)
Зои Рајчановска – бронзен медал во категоријата девојчиња до 9 години (U9).

Поврзани вести