Skip to main content

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме.

Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА епска, јуначка и пред сè чесна борба.

За потсетување: Големиот Реал Мадрид изгуби еден натпревар, убаво се сеќавам, од најголемиот аутсајдер во шпанската лига, и тоа после одлично пружена партија.

Кога го прашаа тренерот, големиот Мигел Муњос, што се случи, тој мирно одговори:

Слабите екипи ретко победуваат, добрите ретко губат. Пак Реал ќе биде шпански, европски и светски првак, а тие што случајно нé победија ќе испаднат од првата лига.“

Потоа шест (6) години Реал со ред беше шпански, европски и светски првак.

Она што е Реал Мадрид во светското клупско натпреварување, тоа е ВМРО-ДПМНЕ во домашната, европската и светска политика.

НАЈДОБАР МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ!

МАКЕДОНИЈА се гордее со своите синови ВМРОВЦИ.

А, МАКЕДОНИЈО, никој не знае колку години имаш, ама секој знае дека си постара од сите други држави заедно.

Кум немаш, но ги покрсти сите христијански народи.

Учител не познаваш, а ги описмени сите народи.

Оние кои што те мразат од длабочината на своето срце, ги преобрази и ги облагороди.

На тие што те пострелаа и прободеа, им ги лекуваше раните што друг им ги задал.

Паднаа многумина пред ТЕБЕ, ТИ ги подигнуваше.

Со благородното вино црвено луѓето ги причестуваше, а со НАФОРАТА измесена од чистата пченица ги соединуваше луѓето со телото на нашиот Син Божји ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС.

Исус Христос во сите нас и ние сите во Исуса Христа.

МАКЕДОНИЈО! Ти си Пролет, убавица чедна што носиш искрена радост и убавина.

И Лето си, вистинска грижлива мајка домаќинка, готвачка која спрема јадења за своите деца.

Есента ги собираш плодовите. Богата и дарежлива ЕСЕН, за никој да не остане гладен.

МАКЕДОНИЈО, ти си и Зима, снежнобела прекрасна Убавица која студенилото го претвора во топлина околу нашите срца и души. Одмораш, собираш снага, никогаш не се поштедуваш, не се заморуваш, среќна, спремна да го продолжиш и умножиш својот род.

Ти не си песна, шлагер на месецот, ТИ СИ сета музика, вечна.

Ти МАКЕДОНИЈА не си строфа, стих, песна, еп, ами си поезија.

Не си променлива мода. Ти си модна икона на сите времиња.

Не си напишан роман, новела, бајка, целата си најголемата библиотека, комплетна  литература.

Не си филм награден со 10, 12, 15 Оскари, ТИ СИ самата ОСКАР доделен од Господ засекогаш.

На крај. Почитувани мои сограѓани, браќа и сестри, пријатели, МАКЕДОНЦИ, АЛБАНЦИ, ТУРЦИ, ВЛАСИ, РОМИ, БОШЊАЦИ и сите други, без оглед на вашата верска, национална или политичка определба, МАКЕДОНИЈА е единствен заеднички топол дом за сите нас ЕДНАКВИ.

Нашата заедничка МАКЕДОНИЈА е пристојно место за живеење, каде што нема СЛУГИ и ГОСПОДАРИ, каде што сите луѓе се сакаат како браќа и сестри, срдечно се поздравуваат кога ќе се сретнат на улица со насмевка, солидарни, секогаш спремни да се помогнат едни на други и заедно да градат светла иднина за своите деца.

Од искон, така било, така е сега, и така ќе остане за навек.

Кој ова не го знае, тој не знае да ја игра најплеменитата игра на заедништво и соживот, затоа ќе ИСПАДНЕ.

Еве затоа е МАКЕДОНИЈА една единствена и неповторлива и САКАНА.

Затоа МАКЕДОНИЈА колку повеќе младоста ѝ трае, толку е поубава, заради еликсирот и нектарот напиток подготвен од твоите верни чеда од вечното ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзани вести