
Во рамки на посетата на Германија, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски остварил работна средба со премиерот на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Хендрик Вуст.
На средбата биле разгледани економската соработка меѓу двете земји и можностите за привлекување нови инвестиции во Македонија.

Николоски посочил дека германските компании „Костал“, „Кромберг и Шуберт“, „ВИК“ и „Гересхајмер“, како и други реномирани инвеститори, со години работат во земјава и претставуваат значаен дел од македонското стопанство.
„Градиме силни партнерства“, напиша Николоски по средбата.

Македонски




