Skip to main content

Николоски: Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват – Скопје

Од 1 мај ќе стартува авионската линија од Тиват до Скопје која во почетокот ќе соообраќа двапати неделно.

Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, ова ќе придонесе не само за зголемување на бројот на патници, туку и за раст на туризмот и економијата.

Она што пред 20 дена го разговаравме при нашата посета на Црна Гора, се реализира. Оваа авиолинија се надевам дека сериозно ќе придонесе во зголемување на бројот на патници, но и зголемување на туризмот и на бизнисот. Се надевам дека оваа авиолинија ќе ја користат многу луѓе – рече Николоски на денешната заедничка прес-конференција со вицепремиерот на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

На средбата, двајцата вицепремиери разговарале и за развој на економската соработка и договориле следната година да се одржи голем бизнис форум на компании од двете држави.

Поврзани вести