Skip to main content

Отворени првите гласачки места на меѓуизборите во САД

Првите гласачки места се отворија утрово по локално време во неколку американски федерални држави за меѓуизборите за Конгресот, објави американската телевизиска мрежа Си-би-ес (CBS).

Гласачите може лично да гласаат во Конектикат, Индијана, Кентаки, Мејн, Њу Хемпшир, Њу Џерси, Њујорк и во Вирџинија.

Дополнително, гласањето веќе беше во тек во Вермонт, каде што некои гласачки места се отворија во 5 часот наутро по локално време, објавува Си-би-ес.

Право на глас имаат речиси 250 милиони Американци, а претходно веќе гласаа над 58 милиони гласачи.

Покрај изборите за дел од составот на Конгресот, во целата земја се избираат и гувернери во 36 федерални држави. Исто така, во повеќе држави ќе се одржат и 145 референдуми, на кои ќе бидат опфатени прашања од правото на абортус до реформата на данокот на доход.

Првите привремени резултати ќе бидат објавени како што ќе се затвораат гласачките места следејќи ги временските зони.

Официјалните резултати ќе бидат потврдени подоцна според распоредот утврден во секоја федерална држава.

Поврзани вести