Skip to main content

АВМУ: Новинарката на Алфа професионално ја водеше емисијата „Под лупа“, осуда за ставовите на Богојески

Новинарката на телевизијата Алфа, која ја водеше емисијата „Под лупа“ постапуваше согласно професионалните новинарски стандарди, информира денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши увид во емисијата во која Петар Богојески, претседател на партијата „Македонски Концепт“ изјави дека на жените им е потребна „машка контрола“. Од АВМУ велат дека новинарката поставувала релевантни прашања, ги доведувала во прашање изнесените тврдења и барала нивно дополнително образложение.

„Агенцијата укажува дека секој учесник во јавна дебата, особено јавна личност, сноси лична одговорност за јавно изнесените ставови и пораките што ги упатува до граѓаните. Од друга страна, улогата на професионалното новинарство е да отвора прашања од јавен интерес, да овозможува аргументирана дебата и критички да ги преиспитува изнесените тврдења, со цел јавноста да добие релевантни информации и самостојно да формира мислење“, велат од АВМУ.


Истовремено, Агенцијата ги осудува ставовите на Петар Богојески со кои се релативизира и оправдува насилството врз жените и децата, се промовира нивната подредена положба и се прави обид таквите сфаќања да се претстават како традиционални вредности.

„Ваквите пораки се неприфатливи и се во спротивност со основните принципи на почитување на човековите права, еднаквоста и човечкото достоинство. Насилството, понижувањето и нееднаквоста не се традиционални вредности и не можат да бидат оправдани под каков било изговор. Особено е недозволиво физичкото насилство врз децата да се претставува како прифатлив начин на воспитување, или насилството врз жените како нормален дел од
семејните односи“, велат од АВМУ.

Поврзани вести