
Ако во општините каде градоначалниците се Албанци е убаво, средено итн зошто тогаш живеете по општини каде градоначалниците биле или се Македонци?, ги прашува албанските политичари и бизнисмени правникот и политички коментатор Умејр Муамеди.
Зијадин Села беше градоначалник на Струга, а престојува во Карпош.
Арбен Таравари беше градоначалник на Гостивар, а има куќа во Карпош.
Изет Меџити е градоначалник на Чаир, а има куќа во Бутел.
И многу други политичари и бизнисмени Албанци купуваат куќи во Бутел или Карпош.
Повеќето од нив децата ги носат да учат во Карпош.
Логичното прашање гласи вака:
Ако во општините каде градоначалниците се Албанци е убаво, средено итн зошто тогаш живеете по општини каде градоначалниците биле или се Македонци?
Зошто ги манипулирате луѓето со национализам кога Вие самите живеете убаво?, прашува тој.

Македонски




