Skip to main content

Моторџија и сопатничка тешко повредени откако удриле во дива свиња

freepik
freepik

Две лица се тешко повредени откако со мотоциклот на кој се превезувале удриле во дива свиња која излегла на патот.

Како што соопшти МВР, вчера во ОВР Гевгелија е пријавено дека во 21:20 часот на регионален пат, од крстосница за село Ѓавато до кртосница за село Богородица, гевгелиско, мотоцикл „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Н.Р.(32) од Гевгелија, удрил во дива свиња, која излегла на патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката В.Р.(30) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Гевгелија.

Поврзани вести