Skip to main content

Кина им возврати на САД: Царините за Америка се зголемија на 125 отсто

sad kina freepik
Фрипик

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз од 84 на 125 отсто, возвраќајќи на претходната одлука на Вашингтон, соопшти Комисијата за царини на Државниот совет на Кина.

На 10 април 2025 година, американската влада објави дека „реципрочните царини“ за кинеските стоки што се извезуваат во САД дополнително ќе се зголемат на 125 проценти. Воведувањето на ненормално високи царини од САД за Кина сериозно ги прекршува меѓународните економски и трговски правила, основните економски закони и здравиот разум и е целосно еднострано малтретирање и принуда, се вели во образложението на одлука.

Комисијата за царини соопшти дека новите стапки ќе стапат во сила утре, 12 април, и повеќе нема да одговараат на зголемувањата од американска страна.

Доколку САД продолжат да воведуваат царини за кинески стоки што се извезуваат во САД, Кина ќе го игнорира тоа, се додава во соопштението.

Белата куќа вчера соопшти дека стоката увезени од Кина во САД подлежи на царини од најмалку 145 отсто.

Поврзани вести