Skip to main content

„Пирогов”: Четворица пациенти од пожарот во Кочани ќе бидат испишани денес

Четворица пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани денес ќе бидат испишани од болницата во „Пирогов“ изјави за БТА професорката Маја Аргирова началник на клиниката за изгореници и пластична хирургија.

Четворицата се во добра состојба. Дадени се насоки за нивно понатамошно лекување, ќе им биде земена лабораторија и ќе се направи план што понатака во зависност од нивната здравствена состојба“ изјави Аргирова

Во болницата остануваат четворица други пациенти кои исто така беа примени на лекување. Овие четири лица се во тешка, но стабилна состојба и им претстојат нови оперативни зафати.

Во пожарот во Кочани, настрадаа речиси 200 лица од кои 61 го загубија животот. Голем дел од пациентите беа транспортирани за лекување во други држави. Во Бугарија примени се 15 лица од кои 8 во болницата во „Пирогов“, и по тројца во болницте во Пловдив и Варна.

Поврзани вести