Skip to main content

Палчо спокојно пушел цигара додека другите го „пакувале“ Жежовски

Палчо ми кажа каде го фрлил телефонот на Жежовски, рече на испитувањето Велибор Манев откако беше испрашуван од Палевски.

Палевски го праша колку време трало грабнувањето на Жежовски.

40 минути. Го врзувавме, стававме во гепек. Љупчо нè уверуваше дека се е во ред и пушеше цигара, се пристети Манев.

Палевски го праша што правеле во куќата на Жежовски.

И самиот добро знаеш што правевме, му одговори Манев.

Тој објасни како е убиен Жежовски

Рацете му беа нанапред и врзани. Јас бев пред дупката. Го испука во левата страна од главата.

Планот за Жежовски

Првичниот план за Жежовски бил во земуницата да се чува 24 часа и за толку време да му остават храна и вода. За тоа време требало да ја грабнат жената во Скопје.

Поврзани вести