Skip to main content

Ќе одолее ли Ливерпул на нападите на ПСЖ?

 Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, смета дека тимот мора да го одигра својот најдобар натпревар сезонава против ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите.

– Да, навистина мислам така, бидејќи ова е најкомплетниот тим од сите што сме ги сретнале. Што подразбирам под совршено? Игравме со Арсенал и Манчестер сити и не е дека ПСЖ е многу над нив, тоа е интензитетот со кој играа парижаните во комбинација со квалитетот што го имаат. Тие имаат многу високо ниво на обука и многу, многу добар тренер, изјави Слот за клупскиот сајт.

Натпреварот Ливерпул – Пари Сен-Жермен ќе се игра вечер од 21 часот на „Енфилд“.

Првата средба меѓу екипите заврши со победа на англискиот тим со 1:0, иако парижаните доминираа на теренот.

Поврзани вести