Skip to main content

Aпелација му ја намали казната на Боки 13, за неколку месеци е слободен човек

Апелација му ја намали казната на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 во предметот „Рекет“ од 9 на 5 години затвор, објави Скопје1. Со ова, Јовановски има за доиздржување уште неколку месеци.

Како што пишува медиумот, судиите ја донеле пресудата поради нови околности кои довеле до поблага осуда. До нив била доставена обемна медицинска документација на осудениот, во кои е опишана  здравствената состојба на осудениот, а е потпиша од различни професори и доктори, како и од различни државни болници.  Освен што се констатира дека Јовановски не може да биде лекуван зад решетки поради тоа што затворот нема терапии,  доктори и услови, во документацијата се нотира и дека тој има инвлидитет, бидејќи му е отстранет најголем дел од желудникот и од тенкото црево.

Во документацијата има и извештаи за неговата состојба по 2 живото-загрозувачки операции додека бил во затвор. Има документација и дека сега има интестинална метаплазија, што може да резултира со гастричен-карцином. Нетретирањето на ваквите состојби, според докторите, можат да доведе до фатални последици.

Јовановски моментно е надвор од затвор, со отпуст за лекување.

Поврзани вести