
Оваа програма е дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам на Р. Македонија која е поддржана со вкупен буџет од 4.650.000, 00 денари, од кои за Визуелни уметности, архитектура и дизајн, 1.320.000,00 за меѓународна дејност, 2.910.000,00 за музејска дејност, 400.000,00 за инвестиции.
Средствата ќе бидат наменети за реализација на програмските активности во музејско-галериската дејност, заштита и конзервација на движното културно наследство, како и промоција на македонската модерна и современа уметност во светот.
ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ, АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН
Програмски изложби и подготовки
Ретроспективна изложба на Анета Светиева
Ретроспективна изложба на Кирил Ефремов
„Архи 2, ЕПИФАНИЈА“, Ретроспектива 1985/2025 на Жанета Вангели
Јубилејна изложба Стефан Маневски 90 години од раѓањето
Јубилејна изложба на Јордан Грабулоски – Грабул, 100 години од раѓањето
„Аквизиции и донации 2015-2025“
„Inter Spem et Metum“, Славица Јанешлиева, презентација на македонскиот павилјон на 60. меѓународна ликовна изложба при Венециското биенале
„Нова вертикала“, самостојна изложба на Васил Василев
„Во нова кожа/ПРЕД И ПОТОА“ , 20 години творештво, јубилеј на Љупка Делева
„Присуство, отсуство и скриеното трето“, меѓународна групна изложба на уметници од Србија, Грција, Кипар и Македонија
„Сите ја сакаат М./Everybody loves M.“ самостоен проект на Борис Шемов
„Кога водата ќе секне“ (When Water Runs Dry), самостоен проект на Верица Ковачевска
„Поетика на виолетовата боја“, самостојна изложба на Сафет Спахиу
„Хуманиот облик“ на Човештво, самостојна изложба на Сејди Капланај
“Лица“, самостојна изложба на Ангел Коруновски
Изложба на илустрации и цртежи на Калиопи Трпчева
„Инфраред“, соработка со Хрватска
Истражувачки проект “Трансдисциплиниран дискурс во анализа на селектирани дела од колецијата на НГМ“
Истражувачки проект „Записи“
Подготовки за ретроспективно-монографска изложба на Кочо Фидановски
Подготовки за изложбата „Лазар Личеноски – Петар Добровиќ “
Подготовки за јубилејна изложба – 100 години од раѓањето на Ванчо Ѓорѓиевски
Подготовки за реализација на изложба “Уметност за нашите животи во транзиција“, мултимедијална изложба на Адриан Паци
Подготовки за изложба на Александар Карадаре
„МЕТАМОРФОЗА II“, самостојна изложба на Љуљзиме Лека
Едукативни проекти
„Заедно со децата одбележуваме важни датуми“
XVI Младински пролетен салон
Креативен проект по повод одбележување на Меѓународниот ден на аутизам
Креативни работилници со завршна изложба по повод Меѓународен ден на
лицата со посебни потртеби на принцип на Социјална инклузија
Годишна изложба на основни училишта
МУЗЕЈСКА ДЕЈНОСТ
Набавка и изработка на систем за чување на уметнички дела во депо во објектот Мала станица
Годишно одржување на програм за дигитализација на одделение за депо и документација
Конзервација на етнолошки материјал од Спомен куќата – Музеј Лазар Личеноски
Конзервација и реставрација 5 дела од Проектот за конзерваторско -реставраторските зафати врз 122 ликовни дела (слики, цртежи и акварели) од Спомен – куќата на Лазар Личеноски
Конзервација на приоритетни дела за конзервација од постојаната поставка на Националната галерија
Конзервација и реставрација на две слики од колекцијата на Националната галерија
Конзервација и реставрација на скулптурите од паркот на скулптури на Националната галерија
МЕЃУНАРОДНА ДЕЈНОСТ
„Просторна конјункција“ – групна изложба на современи македонски автори, Македонски културен центар Софија
„Просторна конјункција“ – групна изложба на современи македонски автори, Македонски културен центар Истанбул
„Просторна конјункција“ – групна изложба на современи македонски автори, Македонски културен центар Белград
„Просторна конјункција“ – групна изложба на современи македонски автори, Македонски културен центар Загреб
Присуство на 27. генерална конференција на ИКОМ во Дубаи
ТРОШОЦИ ЗА ИНВЕСТИЦИСКО ОДРЖУВАЊЕ
Реконструкција на санитарен јазол во Даут пашин амам