
Креативниот директор и основач на Гранд продукција, Саша Поповиќ почина вчера во болница во Париз, после кратка битка со тешката болест.
Тој се лекувал околу 10 месеци, а дека боледува од карцином, дознал сосема случајно.
После преломот на нога, кој го имал Поповиќ, тој посетил лекар, бидејќи повредата не зараснала во предвидениот рок. Лекарите направиле детални прегледи и сите потребни анализи, по што за жал утврдиле дека неговата здравствена состојба не е добра. Иако борбата со карциномот почнала истиот момент, болеста земала замав.
Тој се лекувал на релација Белград-Париз. Лекуван е по најсовремени медицински методи, а докторите до последен миг се бореле за негово закрепнување.
Последните денови Саша Поповиќ ги поминал во Париз во кругот на семејството, кое му било најголема поддршка во тешката битка.