Skip to main content

Дружината на Палчо тврди дека снимките не се од ноќта пред убиството на Жежовски, туку од славата кај Велибор Манев

Адвокатот на обвинетиот Боро Видевски, Бојан Манев, за снимката која што беше презентирана на претходните рочишта, а за која обвинителството тврди дека е направена во домот на Велибор Манев ноќта пред да биде убиен Панче Жежовски, вели дека не била направена тој ден. Тврди, дека тоа е снимка од празникот Св. Аранѓел, кога обвинетите се собрани на слава кај Манев.

Тие снимки не се од тој ден. Вечерта пред убиството е Св. Аранѓел и тие се на слава собрани кај Манев. Тоа ќе го видите и од исказите на обвинетите. Не верувам дека некој што планира убиство сам би се снимал, тврди адвокатот од одбраната Манев.

Поврзани вести