
Февруари го завршуваме со Клубот на читатели посветен на збирката раскази „Зентрифуга“ од Иван Шопов, соопштуваат од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“
„Зентрифуга“ е книга на месецот, а по неверојатно забавниот разговор со авторот, читателите в четврток ќе имаат можност да ги споделат впечатоците од оваа по многу нешта посебна книга, издание на Бегемот
Книгата на месецот, Разговорот со авторот и Клубот на читатели се препознатливите сегменти од нашата голема кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори.
Клубот посветен на „Зентрифуга“ е закажан за в четврток во 18 часот во Одделот за литература за деца и млади. Модератор е нашиот колега Бобан Ристевски, библиотекар.