Skip to main content

Прегазил пензионер на скопска крстосница, го однел дома, па во болница му биле констатирани тешки повреди

МВР информира за уште едно прегазено лица во Скопје. Станува збор за 72-годишен пешак.

На 24.02.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот П.Р.(72) од Скопје, по што возачот со возилото го однел пешакот во неговиот дом, но подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на П.Р. му биле констатирани тешки телесни повреди, соопштија од полицијата.

Поврзани вести