
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 50 метри има во Маврово, во Крушево до 100 метри, на планинскиот превој Ѓавато до 50 метри и од 60 – 80 метри на планинскиот превој Стража.
Од ЈП Македонијапат информираат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.