Skip to main content

Денеска промоција на романот „Неочекувано“ од Ана Мовска

Во рамките на овогодинешното издание на „Денови на литературата“, на 12 февруари (среда) во 19:00 часот во „Литература.мк“ во „Сити мол“ ќе се одржи промоцијата на романот „Неочекувано“ од Ана Мовска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина“.

Дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска е дел од едицијата „Пегаз“.

Во романот е непретенциозно вплетен научен дискурс за двојната природа на сино-зелените алги кои ги има и на Марс, но и во Дојранското Езеро. Во различни хемиски процеси тие имаат различно дејство. Можат да бидат лековити, но и смртоносни. А, пак, таму каде што ги има, има основа да се развие живот…

Оваа кратка проза зборува и за заедништвото и за здружувањето заради постигнување повисока цел, а срамежливо ја споменува и возбудата од првиот писателски обид.

Учесници: Билјана Герасимовска, Ивана Трајаноска и Бисера Бендевска.

Поврзани вести