Skip to main content

Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ потпиша Меморандум за соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов”

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ потпиша Меморандум за соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид “Димитар Влахов”.

Меморандумот го потпишаа Снежана Стојчевска, директорка на ГБСК и Александра Јаковчевска, директорка на ДУРДМОВ.

Тргнувајќи од нашата заложба дека книгата не е привилегија – туку основно човеково право, веруваме дека соработката меѓу двете институции ќе придонесе за подигнување на читачката култура, но и подобрување на инклузивниот процес во општеството.

На нашите нови пријатели им дониравме книги за нивното мини читачко катче кое го подготвуваат за родителите и старателите на учениците во нивното училиште. Се надеваме дека тие, додека ги чекаат нивните деца, ќе минуваат пријатни мигови со Книгата

За уште многу заеднички проекти и идеи!, велат од Градската библиотека.