Skip to main content

Делегација од Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид посета и на колегите библиотекари во Цетиње

По потпишаниот Меморандум за соработка во Котор, Црна Гора делегацијата од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид предводена од директорката Христина Трпеска беше во посета и на колегите библиотекари во Цетиње.

Денот започна со средба во Народната Библиотека и читалница во која беа најсрдечно пречекани од целиот нејзин персонал и посебно од директорката Ана Радонјиќ и библиотекарката Саша Божовиќ.  

Во текот на разговорите беа разменивме искуства сврзани со работата и функционирањето на двете библиотеки, а беа разгледани и полињата на можна соработка во иднина.

Кусото време за посета по желба на домаќините беше заокружено со разглед на најзначајните знаменитости на Цетиње.

Цетиње од секогаш, во богатата историја  бил и е град престолнина на Црна Гора а главен град е Подгорица. Поради автентичната архитектура и големиот број на историски градби, реликвии, манастири, цркви и музеи, наречен е  „град- музеј“. На Цетиње се наоѓа и официјалната резиденција на претседателот на Црна Гора.

Цетиње во последните пет векови е културно и образовно седиште на Црна Гора. Во овој град функционираат пет републички институции: Народниот музеј, Архивот , Кралското народно позориште, Републичкиот Завод за заштита на спомениците на културата дури и седиштето на Министерството за култура и медиуми е во овој град.

Значајно место има Националната библиотека на Црна Гора „Ѓурѓе Црнојевиќ“ која функционира во Цетиње, а не во Подгорица.  Библиотеката го носи името на славниот владетел на некогашна Зета ( Црна Гора ) од династијата Црнојевиќ кој владеел од 1490 д0 1496 година. Во светската историја тој е запаметен како визионер и  основач на  првата државна печатница на светот и го започнал печатењето на првите книги на кирилица кај Јужните Словени.

Токму во оваа библиотека беа примени на средба директорката на охридската библиотека Христина Трпеска, библиотекарот Бети Лазеска – Симоноска и вишиот библиотекар  м-р Милчо Јованоски. Со домаќините, директорот  м-р Иван Радуловиќ, со помошникот на директорот за библиотечни работи м-р Весна Ковачевиќ и со помошник на директорот за развој Вјенцеслава Шеваљевиќ  беа согледани допирните точки и можностите за идна соработка.

Поврзани вести