Skip to main content

Лесен и брз рецепт за ќофте со тиквички и туна

Magnific

Лесен и брз рецепт за ќофтиња со тиквички

Состојки:

  • 300 грама тиквички
  • 80 грама туна од конзерва
  • 70 грама рендано сирење
  • 1 јајце
  • 100 грама лебни трошки
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажиче сув зеленчук
  • бибер
  • сецкан магдонос
  • масло 

Подготовка:

Излупените тиквички исецкајте ги на коцки и згответе ги, по можност на пареа. Во изладените тиквички додајте исцедена туна, ситно изрендано сирење, лебни трошки, брашно, јајце, сецкан магдонос, сув зеленчук и бибер и сè добро измешајте. Ако треба, додајте малку сол.

Формирајте ќофтиња и валкајте ги во лебни трошки. Пржете ги во загреано масло од едната и од другата страна. Готовите ќофтиња исцедете ги на кујнска хартија. Ќофтињата сервирајте ги со сварен млад компир.

Поврзани вести