Skip to main content

Промоција на збирката илустрации и текстуални минијатури „Метафора – жито, какол и парчиња стакло“ од Марко Трпески и изложба на дигитални графики од циклусот „Метафора“

Галеријата  „Метаноја“   денеска организира промоција на збирката илустрации и текстуални минијатури „Метафора – жито, какол и парчиња стакло“ од Марко Трпески, заедно со изложба на дигитални графики од циклусот „Метафора“. Настанот ќе се одржи денес на 5 февруари 2025 година во 19:00 часот во галеријата „Метаноја“ на ул. Максим Горки 19.  
За објавената збирка  ќе говорат акад. Влада Урошевиќ и Оливера Ќорвезироска. Визуелно-словесното доживување ќе биде збогатено со музички соло настап на Филип Букршлиев
Авторот Трпески за неговото најново дело вели: „Станува збор за уште еден спој меѓу визуелната и книжевната уметност преку кој Трпески ги поканува читателите во својот креативен универзум. Оваа книга, своевидно продолжение на неговото дебитантско дело „Метафора – поглед зад огледалата“, нуди нови психолошки длабочини и надреалистички израз.“

Марко Трпески (1990, Скопје) е визуелен уметник и графички дизајнер со посебен фокус на книжевната илустрација. Добитник е на неколку награди за најдобар дизајн на корица на книга. Предавач е во областа на дигиталната илустрација, основач на креативното студио „Метафора“ и еден од основачите на неформалниот колектив за колаж „Скопје колаж колектив“. За себе вели дека е хобистички трагач и несертифициран, но страстен собирач на метафори.

Ќе ни биде особена чест доколку на Вашиот медиум го најавите или пак го проследите овој настан.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetsupertotobetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomjojobet güncel girişjojobet girişjojobet girişjojobet girişjojobetjojobetjojobetmarsbahismarsbahisholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetJOJOBETroketbetcasibomzbahis