Skip to main content

Трамп ја укинува финансиската поддршка за ЈАР поради наводни злоупотреби

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го прекине целото идно финансирање за Јужноафриканска Република (ЈАР), сè додека не се спроведе истрага за, како што рече, „многу лошиот третман“ на „одредени групи луѓе“.

ЈАР конфискува земјиште и одредени групи луѓе ги третира многу лошо, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл, без да приложи докази за тврдењата.

САД нема да го толерираат тоа, ќе преземеме мерки. Покрај тоа, го прекинувам целото идно финансирање за Јужна Африка додека не биде спроведена целосна истрага за оваа ситуација, додаде тој.

Поврзани вести