Skip to main content

Таксист ѝ дал сметка од 700 денари за од Центар до Чаир, ја исфрлил и турнал со возилото зошто не сакала да му плати

Вчера во СВР Скопје Е.Т.(22) од Скопје пријавила дека во центарот на градот околу 05.15 часот се качила во такси возило без ознаки и откако стигнале на подрачјето на Чаир, каде требало да се симне, возачот побарал да му плати 700 денари.

Откако Е.Т. му рекла дека тоа се премногу пари и почнала да се симнува од возилото, возачот го стартувал возилото и пријавителката паднала. Потоа се вратил наназад со возилото и ја удрил. Е.Т. побарала лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР, од каде додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести