
Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески продолжува да бележи одлични резултати на меѓународната сцена. Таа освои бронзен медал на Европското кадетско првенство во таеквондо, кое се одржува во Букурешт, Романија, со што уште еднаш го потврди својот квалитет.
Тунески до одличјето стигна со две убедливи победи во низа. Во елиминациските борби славеше со по 2:0 против претставничките на Холандија и Шведска, обезбедувајќи пласман во полуфиналето.
Таму македонската натпреварувачка се соочи со противничка од Полска, од која загуби, па натпреварувањето го заврши со бронзен медал.
Ведрана Тунески е членка на таеквондо клубот „Бутел“ и зад себе веќе има значајни успеси на европската сцена. Претходно таа освои бронзен медал и на Европското пионерско првенство, а со новиот резултат продолжува да го афирмира македонското таеквондо.

Македонски



