Skip to main content

Групата „Мартеница“ од Турција вечерва на фестивалот „Музика од светот“ освен турска, ќе презентира и македонска етно музика

Меѓународниот фестивал „Музика од светот“ вечер продолжува со промоција на изложба со наслов „Музика во слика и слика во музика“ чиј автор е уметницата Жаклина Николовска.

Изложбата ќе биде поставена во фоајето на битолскиот Центар за култура и според организаторот, секоја слика е своја симфонија, секој потег – звук, а секое дело преку разиграни линии, топли и ладни бои, симболи и силна експресија, создава ликовен свет во кој се среќаваат музиката, емоцијата и возуелната уметност.

Фестивалската вечер ќе биде заокружена со концерт на групата Мартеница од Турција која освен турска, ќе презентира и македонска етно музика. 

Поврзани вести