Skip to main content

„Галена, мазена, пазена“- самостојна изложба на Ана В’чкова од вечерва во КСП Центар Јадро

Галена, мазена, пазена
Самостојна изложба на Ана В’чкова

28 ноември (сабота) | 20.00 часот
Изложбата ќе биде отворена до 6 декември

„Убавото и непријатното повеќе не можат лесно да се раздвојат. Цветот се појавува покрај нечистотијата во одводот; декоративната чипка опкружува инсект. Фотографијата престанува да биде рамна и стабилна површина – испечатена врз текстил, таа се собира, превиткува, набира, затегнува и деформира. Иглите ја прободуваат, металните елементи ја фиксираат и истовремено ја повредуваат, додека епоксидната смола ѝ дава влажна, сјајна, речиси органска присутност. Сликата станува кожа…“
—
Извадок од кураторскиот текст на Ана Франговска 

Поврзани вести