
) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојниот ноемвриски ФИБА „прозорец“, со кој продолжуваат натпреварите од втората фаза на претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година.
Според календарот на натпреварување, нашата најдобра селекција во овој циклус ќе одигра еден натпревар. Македонскиот национален тим ќе биде домаќин на репрезентацијата на Кипар, во рамки на групата „Ф“ и ќе се одигра на 26. ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Селекторот Берокал ги повика следните играчи: Ненад Димитријевиќ, Виктор Ташовски, Виктор Ефремовски, Војдан Стојановски, Лука Стојановски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Лејсон Зеќири, Валмир Какруки, Резарт Мемед, Тома Стојаноски, Андреј Маслинко, Петар Бошалески, Андреј Андоноски и Мозес Рајт.
Подготовките на репрезентацијата ќе се реализираат во Скопје и ќе стартуваат на 23 ноември, во спортската сала „Лазар Лечиќ“, со почеток од 11:30 часот. м

Македонски




