
Вчера во 22:05 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода З.З.(56) од кичевско село, постапувајќи по претходна пријава дека со огнено оружје упатил закани кон неговата сопруга, со која е во бракоразводна постпака.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Македонски



