
Премиерот Мицкоски денеска имаше средба со претседателката на Собранието на Република Косово, Аљбуљена Хаџиу.На средбата разговарале за унапредување на билатералната соработка и зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.
Верувам дека преку отворен дијалог, меѓусебно почитување и засилена регионална соработка можеме да придонесеме за поголема стабилност, економски развој и забрзана европска интеграција на регионот, истакна Мицкоски.

Македонски

