
Жена од Стајковци им подлегна на тешките повреди откако во неа удри возило на улица во скопската населба Ченто.
Како што соопшти МВР, вчера во 18:19 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(62) од Скопје, удрило во 81-годишната Р.А. од с.Стајковци, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.А., која од здобиените повреди подоцна починала во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

Македонски

