Skip to main content

Не значи дека ако сме млади не можеме да добиеме мозочен удар, буквално секој може да добие вели директорот на Клиниката за неврологија д-р Јован Божиновски

Бројот на пациенти кои што се со мозочен удар кај нас се движи од 200 до 300 на 100.000 жители, а најмладиот пациент е 16-годишна девојка, соопшти д-р Јован Божиновски, в.д. директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија во Скопје.

Денеска на скопскиот плоштад се одбележува Светскиот ден на мозочен удар, 29 октомври и по тој повод Клиниката за неврологија – Скопје организира серија активности насочени кон подигнување на јавната свест за мозочниот удар, значењето на превенцијата, раното препознавање на симптомите и навременото лекување.

​За жал, статистиките се поразителни, кај нас, но и во светот. Болеста е мултифакторијална, а целта на овој настан е да ја превенираме болеста и да укажеме, односно да свртиме внимание на ризик факторите, бидејќи кај најголем дел од пациентите оваа болест може да се успешно да се превенира. Ризик факторите ги делиме на две големи групи: Онаа со која што не се менливи, а тоа е генетскиот фактор, тука не можеме да делуваме, и ризик-факторите за мозочен удар како што е високиот крвен притисок, шеќерната болест, високото ниво на масти во крвта, нездравиот начин на живот, стресот во поново време, користењето на алкохол и други психотропни супстанци што секако доведува до зголемување на бројот на пациенти со мозочен удар, изјави д-р Божиновски.

Д-р Божиновски потеницра дека болеста се лекува успешно само доколку брзо се делува и затоа е важно колку побрзо пациент дојде на Клиниката за неврологија или во друга здравствена установа каде што се третира ваква патологија, толку побрзо може да биде пациентот спасен првично, да биде оспособен, бидејќи оваа болеста е меѓу првите по инвалидитет и секако по морталитет.
​

Она што исто така ми претставува задоволство што оваа акција оваа година ја прошируваме и во неколку градови низ државата, така што во 12 часот сме во Тетово, на плоштадот. Исто така и во соработка со клиничка болница Штип, таму ќе се одвива акција, се одвива акција и во Кавадарци и во Охрид. И можеби е малку да зборуваме само еден ден во годината, можеби вакви акции треба да правиме почесто за да спасиме што повеќе животи. Во вторник, како во внатрешниот ден на клиниката ќе имаме отворен ден и ќе се прават доплер на каротиди кои што ќе биде бесплатно за пациентите, а оние ризични пациенти кои што ќе бидат утврдени со оваа метода, ќе бидат дополнително упатувани на дополнителни иследувања. Во четврток е централниот настан во деканатот на Медицинскиот факултет од 10 часот каде што ќе има стручни предавања, додаде д-р Божиновски.


​Тој објасни дека на Клиниката за неврологија за млади пациенти се сметаат сите под 50-годишна возраст и додаде дека во последните две години е зголемен бројот на помлади пациенти кои се лекуваат на Клиниката. Најмлад пациент е 16-годишна девојка која претрпела мозочен удар.

Мозочниот удар како болест број еден можеби по инвалидитет. Млад пациент на 16 години, за жал ако не е добро третиран, иако инфарктот е сериозен и голем, тоа значи дека цел живот би бил инвалид или не дај боже би завршил со летали исход. За среќа оваа пациентка е добра и добро заздраво, меѓутоа тоа треба да не алармира да внимаваме не значи дека кога сме млади дека не можеме да добиеме мозочен удар. Буквално секој може да добие мозочен удар, вели д-р Божиновски.


​

Поврзани вести