Skip to main content

Зошто „бмв“ на „Тотал“ и „господинот без коса“ преку ред поминаа на граница?

Автомобил во сопственост на компанијата Друштво за градежништво и инженеринг „Тотал инженеринг“ дооел Струмица на Вице Заев претекнал колона на македонска граница и без проблем си ги поминал патните исправи и продолжил кон Грција.

На „Фејсбук“ Јохан Елзесер, кој се најде во колоната која чекаше граничната полиција да си ја заврши работата, објавува фотографии од возилото и го прашува министерот за внатрешни работи по кој основ „господинот без коса“ поминува преку ред.

Господине министре Панче Тошковски, завчера бев на македонско-грчка граница кај Дојран, редица нормална 20-тина автомобили, за да од десна страна пролета автомобил марка BMW 740D Xdrive hibrid со регистрација SR5555ZZ, застана таму каде што ниту еден автомобил не се осмели да застане, излезе човек без коса со неколку пасоши во рака кој се врати за две минути и продолжи накај Грција. Малку чепкав па дознав дека автомобилот е во сопственост на компанијата Друштво за градежништво и инженеринг „Тотал инженеринг” дооел Струмица во сопственост на господинот Вице Заев. Прашањето ми е, господине министре, ако законот е навистина подеднаков за сите, како што редовно прокламирате, по кои критериуми се прави разликата меѓу обичниот македонски граѓанин и господинот без коса, како и останатите патници во автомобилот, кои очигледно уживаат привилегии недостапни за обичните граѓани? Кој им дозволува да ги заобиколуваат правилата што важат за сите останати и дали во оваа држава сè уште постои еднаквост пред законот или таа важи само за оние што немаат моќни пријатели? Можда му се брза: 1. Ќе задоцни на ручек 2. Некој му ја обил вилата 3. Јахтата гори 4. Состанок со бизнис партнер 5. Оставам на вас, пишува тој.

Поврзани вести