
Грчката кошарка е потресена од голем скандал со корупција и сомнежи за местење натпревари.
Полицијата уапси шест лица, меѓу кои претседателот на Кошаркарската федерација на Грција, Вангелис Лиолиос, како и познати судии, меѓу кои Илијас Коромилас, Петрос Папапетру и Василики Царука.
Во полициската акција биле запленети 931.463 евра, мобилни телефони, лаптопи, УСБ-уреди и друга документација.
Грчкиот кошаркарски скандал би можел да добие ново продолжение, откако се појавија информации дека истрагата за корупција и местење натпревари ќе резултира со апсења на дополнителни судии.
Според новинарот на телевизијата МЕГА, Василис Ламбропулос, во истражниот предмет се споменуваат и други имиња од судиските структури, а нови апсења се очекуваат во следниот период.
Грчкиот кошаркарски скандал би можел да добие ново продолжение, откако се појавија информации дека истрагата за корупција и местење натпревари ќе резултира со апсења на дополнителни судии.
Според новинарот на телевизијата МЕГА, Василис Ламбропулос, во истражниот предмет се споменуваат и други имиња од судиските структури, а нови апсења се очекуваат во следниот период.(МИА)

Македонски

