Skip to main content

На „Табановце“ уапсен Србин кој во јули бил фатен како вози 166 км/час каде што е дозволено 80

На Граничниот премин „Табановце“, на излез од државата, вчера во 16 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(39) од Србија. При проверка на патничко возило „баик“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Имено, на 15.07.2026 на автопатот Гевгелија – Демир Капија, М.П. го управувал возилото со брзина од 166 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Поврзани вести