
Во Сингапур, патниците кои пуштаат гласна музика, ги држат нозете на седиштата, фрлаат отпадоци или јадат и пијат за време на возењето со автобус, ќе може да бидат казнети со парична казна до 500 сингапурски долари (околу 350 евра).
За посериозни прекршоци, како што се попречување или загрозување на други патници на автобуските станици, како и валкање на кој било дел од автобусот или автобуската станица, предвидена е максимална казна од 5.000 сингапурски долари (3.419 евра)
Новите мерки се објавени од Управата за копнен транспорт (ЛТА).
Казните за прекршоци во автобусите се усогласени со оние од железничкиот сообраќај“, велат од компанијата.

Македонски

