Skip to main content

Олимпискиот оган за ЛОИ028 ќе мине низ сите 50 сојузни држави во САД

hansjorg-keller-on-unsplash

Организаторите на Летните олимписки игри 2028 во Лос Анџелес објавија дека олимпискиот оган ќе биде пренесен низ сите 50 американски држави, почнувајќи од Џорџија.

Почетната станица ќе биде Атланта, последниот американски град што беше домаќин на Летните игри во 1996 година, и ќе го заврши своето патување во Калифорнија и домаќинот Лос Анџелес.

Секои Олимписки игри започнуваат со пламен, а носењето на тој пламен во Лос Анџелес е чест и привилегија што ќе ја споделиме со секој агол од земјата додека Американците од сите 50 држави го носат пламенот по рутата до нашата церемонија на отворање“, посочи претседателот на Организацискиот комитет Кејси Васерман.

maxx-girr-from-pixabay

Во согласност со традицијата, пламенот прво ќе биде запален во грчкиот град Олимпија, родното место на античките игри, по што ќе биде пренесен во Атланта.

Во 1996 година, олимпискиот факел патуваше низ 42 американски сојузни држави, а со вселенскиот шатл „Колумбија“ пропатува и до вселената.

Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година ќе се одржат од 14 до 30 јули. 

Поврзани вести