Skip to main content
Предупредување на германската јавна служба - АРД

Германската војска прави премалку во борбата против сексуалното вознемирување на жените во своите редови

Германските вооружени сили прават премалку за да го спречат сексуалното вознемирување на жените во нивните редови, предупреди германската јавна служба-АРД (ARD) во време кога Бундесверот активно регрутира жени.

Сведоци и жртви на вакви злосторства за АРД вела дека многу припаднички на војската се плашат да пријават што им се случило, плашејќи се од негативни последици за нивните кариери, пренесува „Дојче Веле“. (DW).

Според податоците на АРД, бројот на сомнителни случаи на сексуално вознемирување се зголемува од година во година – во 2014 година се евидентирани 413 случаи, а во 2025 година 472 случаи, а можно е да има голем број непријавени случаи на сексуална злоупотреба.

Веќе 25 години, на жените им е дозволено да се приклучат на Бундесверот на сите позиции, но тие сè уште сочинуваат само 13,6 проценти од вкупната бројка на персонал.

Германското Министерство за одбрана го отфрли тврдењето на воен историчар на АРД дека интеграцијата на жените во Бундесверот досега не успеала.

Беше наведено дека жените во Бундесверот се „прифатени и почитувани“ и дека во германските вооружени сили „нема простор каде што вредностите и правата на секоја група луѓе не важат“.

Поврзани вести