
Возач на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки загина денеска околу 12:40 часот, откако со возилото излетал од магистралниот пат Струмица – Радовиш, на делницата меѓу селата Василево и Владевци, објави Струмица нет.
Информацијата е потврдена и од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.
Поради несреќата сообраќајот на патот Струмица – Радовиш сè уште е во прекин.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Македонски


