Skip to main content

Пијан гостиварец излетал од патот со „бмв“

МВР архива

Полициски службеници од ОВР Гостивар го вчера лишиле од слобода Г.Б.(52) од Гостивар.

Како што соопшти СВР Тетово, при увид на сообраќајна незгода на магистралниот пат Гостивар-Стража, во близина на
каменоломот, во која Г.Б. во 20:05 часот со патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од коловозот, било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,92 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.

Поврзани вести