Skip to main content

Почна Октоберфест – фестивалот на пивото во Минхен

motointermedia-from-pixabay

Минхенскиот Октоберфест почна денеска откако градоначалникот го отвори првото буре пиво, со што официјално беше означен почетокот на 191-то издание на еден од најголемите светски пивски фестивали.

Градоначалникот на Минхен, Доминик Краузе го отвори првото буре со традиционалниот извик: „Отворено е!“

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите.

jacqueline-macou-from-pixabay

Покрај пивото, меѓу бараните специјалитети се и переците, печеното свинско месо и колбасите.

Се очекува околу шест милиони луѓе да го посетат Октоберфест за време на неговото 16-дневно траење, кое завршува на 4 октомври.

Иако поголемиот дел од посетителите доаѓаат од Минхен и од јужна Германија, милиони пристигнуваат и од други делови на Германија, како и од целиот свет.

alexa-from-pixabay

Германските власти ги заострија безбедносните мерки откако минатата година фестивалот мораше привремено да се затвори поради преголема гужва.

За годинашниот фестивал се поставени камери опремени со вештачка интелигенција за рано откривање на големи толпи луѓе, јави агенцијата ДПА.

Исто така, забрането е носење ножеви и користење дронови.

Покрај баварската полиција за разбивање демонстрации, истражителите за кражби и меѓународните тимови од осум земји, за обезбедување на фестивалот се ангажирани околу 600 полицајци.

Поврзани вести

giyimJojobetSahabetmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositextrabetbahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibompusulabetcratosroyalbetholiganbetholiganbetholiganbetJojobetJojobetstarzbetcasibombahsegel giriş