Skip to main content

Украинскиот парламент денеска го разреши генералниот обвинител Руслан Кравченко

Украинскиот парламент денеска го одобри разрешувањето на генералниот обвинител Руслан Кравченко, кој вчера се судри со независните агенции за борба против корупцијата, објавија британските медиуми.

Кравченко, кој поднесе оставка на 7 септември, вчера изјави дека потпишал известување за сомневање против Семјон Кривонос, директор на Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ), една од институциите што ја истражуваат работата на обвинителството.

Кравченко тврди дека Кривонос фалсификувал службени документи со цел да добие „незаконска корист во особено големи количества“ и дека извршил фиктивно посвојување со цел „да избегне правна одговорност пред судот“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потпиша Указ за разрешување на Кравченко и ги повика пратениците брзо да го поддржат неговото разрешување од функцијата генерален обвинител.

Разрешувањето на Кравченко денеска беше поддржано од 317 пратеници, во околности кога за валидност на одлуката беа потребни 226 гласови. (МИА)

Поврзани вести