Skip to main content

Дрвокрадец со комбе удри во полицаец на Фронтекс, тешко е повреден

архива МВР

Полициски службеник и дрвокрадец се тешко повредени во инцидентот што се случи вчера во струмичко Банско.

Како што соопшти МВР, вчера околу 12:30 часот во с.Банско, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село, додека извршувале службени дејствија со полициски службеници од Фронтекс, забележале товарно возило „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки, натоварено со дрва, а го управувал Ф.И.(33) од с.Банско.

При обид да извршат контрола на Ф.И. и возилото, Ф.И. го придвижил возилото и удрил во полициски службеник од Фронтекс од Полска, а потоа и во трактор „имт“, управуван од Ѓ.М.(52) од с.Банско, соопшти МВР.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле полицискиот службеник и возачот Ф.И., констатирани во Медицински центар Струмица.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека возачот на тракторот Ѓ.М. го управувал возилото без положен возачки испит, додека возачот на товарното возило „форд транзит“ Ф.И. е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Поврзани вести